понедељак, 5. октобар 2009.

понедељак, 28. септембар 2009.

КРАЛЕ МАРКО


Прилеп ми е престолнина.

Пелагонци од Хомера,

Македонци од Филипа,

Филипа и Алексанар,

апостоли и светии

од Самоил собрани

на истите Маркој Кули

кај Цепенко опишани.

Сета мудрост и умови од народот мудрувани

од деца изучени и од цел свет паметени.

Ој ти вило Равијојло,

ој ти вило посестримо,

заврти ги потоците отвори ги изворите,

да потечи бујна река

и Маркова да се вика кај манастир што се гради

се со фрески моја лика,

како што се Маркој Кули,

мои реки и патишта цркви,

Мостој и градови насекаде до Прилепа,

каде што се стопалата по ридови,

оставени жигој царски жигосани.

Да брзаме да градиме

зошто мене оставиле да им бидам за заштита,

за заштита и утеха на се што е македонско:

резби, фрески, ора, песни и писмо кириловско.

Зошто Вило посестримо абер вчера ми пристигна,

Крал В'лкашин мојот татко на Марица ми погина

со се цела царска свита со се војска.

Mашка рода нема веќе што да гине

народ ми под заштита со моето кралско име,

со векови да се знае мојот народ кој ќе брани

/дел од Поеми за Македонските цареви

Ангелина Маркус 2003 г./

Слава славит Кралевиќе Марко

Слава славит Кралевиќе Марко,

слава славит светаго Ѓорѓија.

Дошле триста попој и двесте калуѓери

и триста стари патријарси.

и му велет на Кралевиќе Марко,

ејгииди Кралевиќе Марко,

све си имаш, с'де риба от Охрида немаш.

И си киниса Кралевиќе Марко,

во града Охрида да ојт.

Си зеде пушка и сабја.

Мајка му велит:

- Немој сине, не земај оружје.

Нас ќе ни поможит свети Ѓоршија.

Си киниса Кралевиќе Марко

во Охрида града риба да си купит.

и го најде едно Турче:

- К'де одиш незнаен делија?

- Што ме питаш, шо те тебе брига.

Турчето го врза Кралевиќе Марка,

и го однесе во града Охрида.

Се молеле охриѓани:

- Не губи го Кралевиќе Марко,

не ќе ни родит нити жито, нити вино,

нито трева по полето.

А Марко му велит:

- Немој да ме носиш

прет јанино кафе, три години сум јало,

пило, нишчо не сум платило.

И тој сега за инет го однесе...

А кога го виде Јана девојка:

- Добро ми го донесе ов'ј пријет'л,

три години јало, пило, нишчо не платило,

сега ќе ми платит.

И се опијани она црно Турче и си заспа, му зеде Јана к'лучој от појаси и го отк'лучи Кралевиќе Марко. Си однесе она Турче дома. И им велит на онје гости: - Ево риба од Охрида.

Марко Kрале ja одменува свадбарината


Едно утро Марко ми подрани
из Прилепа Марко, из Варошот
да прошетат Косовска наија;
ушче први петли не пеали,
тој се фрли Шарцу на рамена
и ми тргна по бели друмови;
пo среденоќ из Скопје помина;
дури петли први пропеале,
тој помина Качански клисури;
дури зора утро зазорила,
тој натури Косовска наија;
дури с'лнце утро да изгреет,
тој ми влезе во Косово Поле!
Нишчо Марко среќа не го стрети.
саде стрети Косовска девојка.
Марко нејзе велит: - Добро утро,
добро утро, Косовке вдовице!
-А таја му нему одговори:
Ја не су си Косовка вдовица,
туку су си Косовка девојка.
-Тога рече Марко Кралевиќе:
-Ај ти тебе, Косовке девојке,
ќе те прашам, право да ми кажеш,
шчо ти тебе коси побелеле,
бело лико ти се расипало ?
Али жалиш од рода твојего,
шчо не си се млада оможила ?
-Тога рече Косовка девојка:
-Ја не жаљам од рода мојего,
току имат триесет години,
как ми дошол црна Арапина,
од цара ми свадбина прекупил:
кој ќа јунак млади се оженит,
нему сакат триесет и три минца,
а девојка која ќе се можит,
нејзе сакат триесет минцови.
Мои браќа ми се сиромаси,
ми немает азно да му дает;
затова ми коса побелела,
бело лико ми се расипало!
-Тога барат Марко во пазува,
ми извади триесет минцови,
је и даде Косовке девојке,
Тога рече Марко Кралевиќе:
-Да си сакаш момче спроти себе,
да си сакаш, да си се омажиш
и на Арап свадбина да платиш.
Ќе те прашам, Косовке девојке,
ќе те прашам, право да ми кажеш,
жити рода и твоја крвнина,
жити вера наша православна,
жити име Христос Исусово,
немој мене ти да ме излажеш:
коде му се кулн Арапови?
-Одговори Косовка девојка:
-Кули му се сами познавает,
под Косово в зелени ливаѓе.
Тамо имат белана чадора,
на чадорот од злато јаболко,
това светит како јасно слнце,
оддалеко сами се познават.
-Тога стегна Марко Кралевиќе,
тога стегна своја брза коња.
Го догледа стража Арапова,
го догледа ушче оддалеко,
му говорит црне Арапине:
-Арапине, наши господине,
по друм идет страшен је делија
и страшно ми коња наљутило,
од нози му огон искри летат,
од уста му бели пени паѓет,
од носот му сини пламни бијат,
од очи му секавици пушчат,
и најстрашно ми се променило:
на плешчи му кожув од мечиште,
на глава му калпак од в'лчишче
во уста нешчо црно носит,
како јагне половингодишно.
-Тога рече црна Арапина:
-Ај ви вами, триесет стражари,
вие него убаво причекајте
и оружје од појас земите,
пратите го при мене да доет:
тове ми е младо неженето,
тове идет свадбина да платит
ќе ми дает азно небројано.
-Ушче Арап лафот не дорече,
ми приближи Марко Кралевиќе.
Кога Марко стражари приближи,
а стражари сите избегае,
кој по поле, кој по планина.
Право тргат Арапу на чадор.
Марко нему велит:- Добро утро,
добро утро, наши господине,
господине, Арап од преку-море!
Кажи мене шчо е свадбарина,
да ти плата царска свадбарина,
оту после потов ќа си гледам,
зоре сватове на пот ме чекает.
-Тога рече црна Арапина:
-Хај ги тебе, незнајно делијо,
дали ушче не си се научил?
Ево имат триесет години,
коде седа на рамно Косово:
кој ќа јунак млади се оженит,
нему зема триесет и три минца,
а девојка, која ќе се можит,
нејзе земам триесет минцови;
како тебе најголем јунака,
и шеесет пак не ти се многу!
-Тога барат Марко во пазуви,
ми извади саде три минцови:
-На ти тебе, наши господине,
на ти тебе саде три минцови:
верувај ме, повеќ азно немам.
Кога ќе појдам по убава невеста,
шчо ќе мене дарчок ме даруват,
сиот дарчок тебе ќе поклона.
-Тога рече црна Арапина:
-Ал ме ложиш, ал вистина велиш,
ал со мене шега ќе се биеш ?
-И ми зеде тешка топузина,
ми го удри три четири поти.
Тога рече Марко Кралевиќе:
-Бог те убил, Црна Арапино!
Ал се смееш, ал вистина маваш,
ал од кожувов правот ли го тресеш?
Почекај ме и ја да те удра,
ти да видиш јунак како мават.
-Пак извади Марко Кралевиќе,
ми извади своја топузина.
Кога Марко на Арапин мафна
фала богу, чудо е големо,
сногата му во земи пропадна,
а глава му настрана побегна.
Пак се пушчи по триесет стражари.
двајсет редом сите и истепа,
А троица саде ми остави,
да ми личит три млади телали,
да ми личит низ равно Косово:


-Коде иматјунак за женење, да си сакат мома спроти него, да си сакат, да си се оженат! -Коде имат мома за можење, да си сакат момче спроти неа, да си сакат, да си се оможит! Заплатила Маркова десница, заплатила сета свадбарина.

setal Marko pokraj belo more

Шетал Марко покрај Бело море




Ој, шетал Марко, бре, покрај Бело Море

Покрај море, бре, покрај турски дворје .

Ој покрај море, бре, покрај турски дворје,

Го догледа, бре, турчинка девојка.


Ој, ајде Марко, бре, и ти потурчај се,

ќе ти турим, бре, име најголемо.


Ој, сакаш Асан, бре, сакаш Асан Бегот,

Сакаш асан, бре, сакаш Асан бегот.



Ој, не се турчам, бре, турчин ја да гледам,

Не се турчам, бре, турчин ја да гледам.


Ој, ајде було, бре, и ти покрстај се,

Ќе ти турам, бре, име најголемо.


Ој, ќе ти турам, бре, име најголемо,

Сакаш Анѓа, бре, сакаш Анѓелина